личен (прид.) - судбина (имн.)

Џим со јогуртот, а особено со бозата, има извесни проблеми.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се потам кога помислувам на илјадници и илјадници лични судбини, на таа страшна, крвава демонтажа на личните животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ах, тој молив, човек во човека, со кој единствено ги споделував магиите и тајните за песната и кој бележејќи ја песната - сѐ повеќе ме подмладуваше, сѐ дури и од неговата лична судбина не осознав дека никогаш иднината не треба да ја поврзуваш со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Димитар го носи искуството „на парцели“, карактеристично за луѓето на возраст меѓу четвртата и петтата деценија, кои го живеат овој историски (транзициски) период на овој географски (екс-југословенски) простор, можеби затоа што неговата лична судбина е уште поиндивидуална.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ретки се личностите во историјата во чија лична судбина се проникнала толку силно и судбината на еден народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тројцата партнери во играта сакаа да стигнат до победничкото чувство, секогаш од некакви посебни побуди најмногу поврзани со нивните лични судбини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)