личен (прид.) - трагедија (имн.)

Преживувањето е неиздржливо кога помислувам на личните трагедии, на оние илјадници кои ги загубија животите, на оние кои исчезнаа, на оние кои се раселени, на оние кои избегаа, кога помислувам на жртвите по логорите, на децата, на оние кои го преживеале пеколот, на оние во Босна кои пеколот сѐ уште го живеат, на оние кои допрва ќе го живеат, на крвниците кои до неодамна беа само добри соседи, на жртвите од кои некои и самите ќе бидат крвници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И покрај толку преживеани лични трагедии, драми, несреќи, разочарувања имаме право на радост во животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За жал, Павле ја увиде штетноста на Стојан за земјава преку лична трагедија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога ќе се ослободам од егото и суетата, кога ќе ги симнам маските и костумите, кога ќе се демистифицирам, кога не сум на работ на амбисот, кога имам можност барем за момент да бидам среќна, јас сум едноставна личност која умее да сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)