личен (прид.) - хероизам (имн.)

Ние бевме во длабока заблуда верувајќи дека личниот хероизам е тој што ги движе настаните во животот, ние не сфаќавме дека сме дел од народот и дека нашето дело ќе биде плодотворно, само ако тоа е поврзано со народот и е дел од народното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние не го разбиравме Делчев, кој го определуваше народното масовно востание како единствено решение во борбата против ропството, и, наместо да го поврземе нашето дело и да го потчиниме на очекуваното востание, заживеавме со илузијата да го изместиме, и сами, со својот личен хероизам, да ја разрешиме задачата што само народното востание може да ја разреши.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)