лоен (прид.) - свеќа (имн.)

Старецот уште шепотеше дека неговите мустаќести синчиња со надеж чекаат некој да им каже - бог да го прости Симон Наконтик, остави деца, внуци и спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долгиот запре, чкрапна кибрит и тенко жолто пламенче затрепери плашливо на врвот од дебелата лоена свеќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наеднаш се возбуди, скоро потскокна, чиниш од замислената лоена свеќа му паднала на чело врела капка, го ожежала, разбудила мисла за нешто друго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)