локален (прид.) - весник (имн.)

Неодамна во својот локален весник прочитав оглас. Roger Papazian од блискиот Rocky Hill во својата работилница “Eden” огласува необични услуги...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Држеше локален весник од Лејк Чарлс, и кога го отвори на маса го видоа насловот напишан со големи мрсни букви, 250 ИСЧЕЗНАТИ ВО УРАГАН.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дејан, низ цинична насмевка наполнета со пожолтени заби ја цитираше мудроста којашто Тодор, уште во деновите кога двајцата беа новинари во локалниот весник му ја посочуваше како врвен интелктуален дострел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Тодор мислеше дека народот ќе се испотепа да гласа за еден завршен студент на филозофија кој во локалниот весник пишува за најновите поправки на градската канализација, зајадливо забележуваше Дејан, колега на Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да, и ги читаш локалните весници, и... тоа е тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна. ‌Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На тој начин, тие ги прифаќаат поимите со кои се артикулира хетеросексуалната доминантност и позитивно ги промовираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен. ‌Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во текот на седмицата по секоја парада на геј-гордоста, во локалните весници (и главнотековни и геј) по правило излегуваат десетици писма со приговори дека геј-гордоста станала параспур на изроди и дека учеството на сите тие распашани креатури во маршот ја озлогласува хомосексуалноста и е штетно за каузата. ‌Политиката на геј-идентитетот ни донела неспорен и бесценет сплет од слободи и допуштенија, сигурно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога првпат се сретнаа, неговиот поглед падна врз неа, ѕиркајќи на шалтерот од киоскот каде што Хана го заменуваше нејзиниот татко, купувајќи го дневното издание на локалниот весник каде што очекуваше да ги најде најновите цени на сточната храна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога во еден од локалните весници прочитал дека компанијата „Фејмоус Плејерс Ласки”, која припаѓала на Парамунт, ќе отвори свое претставништво во Лондон, тој направил неколку рекламни цртежи и титлови за немите филмови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Својот прв краток расказ, “Крал на Џунглата” го објавил на тринаесет години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со седум години го објавува првиот труд: преводот на Вајлдовиот “Среќен принц” во еден локален весник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На почетокот на Првата светска војна, со семејството заминува за Европа, каде што во женева престојува во лицеј; учи француски, германски и латински.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За време на последните години на војната го завршува лицејот и заминува за шпанија; под влијание на тогашните “ултраисти” (кои, заедно со некои други, пред повеќе од пола столетие одредени историчари на хиспанската литература ќе ги опфатат како “постмодернисти”, што била прва употреба на овој израз во книжевната историја), ги пишува и објавува првите песни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)