локален (прид.) - заедница (имн.)

Секогаш се оди на долгорочни ефекти, бидејќи радиото сепак е мас-медиј.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во пракса тоа значи дека секоја станица ја пронаоѓа својата целна публика на која ѝ се прилагодува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие претежно се концентрирани врз проблемите на локалните заедници, а помалку на поединецот како потрошувач.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во праксата се афирмираа спотовите од 10 и 30 секунди, а само исклучително спотот е долг 60 секунди. Public relations е нешто што е од животна важност за секоја радио станица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 111
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Често се организираат разни приредби и активно се интервенира во животот на локалната заедница, покрај присуството на сите важни настани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За овие станици е карактеристично што во програмска смисла се потполно различни од комерцијалните станици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Старите ставови можеа да им се расколебаат. ‌Самата смеша од луѓе во новите геј-друштвени светови беше благотворна за радикализација на машкиот геј-живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа им додаваше тежина и авторитет на поеволуираните, на поискусните и на порадикалните припадници на локалната заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Луѓе што веќе со години живееле во геј-гета имале и време и можност да се „ослободат“: да се отпрограмираат, да си ги вратат приглупите, хетеросексуални предрасуди, да достигнат политизирана свест, како и да се возгордеат со сопствениот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако ќе се запознаеја со тие луѓе, со нивниот поголем пркос, со нивната софистицираност и самоувереност, новодојденците од провинциите честопати наидуваа на сериозни предизвици за своите претпоставки, вредности и претстави околу вистинскиот начин на кој треба да се живее, да се биде геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На италијанските вдовици од Фајер Ајленд ќе можеше да се гледа како на пародија на таа конвенционална женска улога и на моќниот перформативен идентитет на италијанското вдовство – како на чисто пародирање на високоморалната драма на семејните вредности, родовата подреденост и сентименталната сериозност на стрејт-општеството – да не беше тука фактот дека сите италијански вдовици во Пајнс беа мажи кои поради сидата самите загубиле љубовници, пријатели или припадници на својата локална заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така што прашањето станува: како можат да се обезбедат одредените предвидливост и ред во човечкото однесување кога не постои визуелното надгледување на соседот, никаков притисок од страна на соседството или локалната заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во модернитетот тоа беше постигнувано со помош на поставувањето на обврзувачкиот морален код зајакнат со репресија зад него, што луѓето ги дисциплинираше; но, од друга страна, во тоа време голем дел од човечкото однесување направен е морално индиферентен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сме вратени во Тениевите локални заедници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак, прегратката на „големиот код” не е толку цврста како порано, па оттаму мораме да нагаѓаме кога станува збор за нашите односи со сексуалниот партнер, со децата, родите­лите, носејќи ја тежината на одговорноста како нештата ќе испаднат. 70 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Членовите на локалната заедница често се обидуваат да играат на двете страни од оградата.34 Судирот меѓу „државата“ и 34 Рајмондо Страсолдо, еден од водечките теоретичари на социологијата на границите, гледа на амбивалентноста на животот на границата како основна карактеристика на граничните општества.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во оваа посткомунистичка верзија на екстазата на комуникација, јавниот простор сѐ повеќе исчезнува пред налетот на семоќното рекламирање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)