локален (прид.) - функционер (имн.)

Кога оцени дека е тишината погодна да го наложи својот авторитетен глас, секретарот, Трим Тоска, Албанец, познат првоборец од овој крај, стана и ги претстави присутните со избрани зборови, најпрвин претставникот на централниот комитет на Партијата, потем претставниците на Министерството за градежништво и урбанизам, па локалните функционери, како и биологот Цветан Горски, Јагулче Дримски очекуваше да го слушне и своето име. Ама, ништо!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во дневната на изнајмениот стан на Л.А. стои црно пијано, Petroff: - Човекот бил некој локален функционер во комунизмот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како да дише без никој тоа да го знае, дури ни таа самата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)