лош (прид.) - ветар (имн.)

- Смири се, Леме, смири се, кутро момче, - преплашен, многу загрижен велеше Трифун Трифуноски, но кое срце да се смири, кој ќе ти запре таков пустошен, лош ветар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чиниш во домот влегол некој лош ветар, удрил по децата, ги прогонува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)