лош (прид.) - време (имн.)

- Проклета есен, - шепнеше и стариот Лентеноски, проклето лошо време, - испушташе една кратка, далечна насмевка, тоа како залутан зрак на небото во бура, тоа како виножито во пролет над полињата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Посетата траеше доста долго и газда Таки почна да се нервира, бидејќи не беше научен да чека долго, особено не на лошо време.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така таа ги брои годините на своите рожби: по жетвите, по гроздоберот, по сеење и по лошите времиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Среде празнината од лоштото време е сочувана само цквата Света Богородица, која од граѓанската излезе со разурнат покрив, урната камбанарија и уништен олтар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Клета ви садбина, моми, клета ви година, што вас мајка е родила в такво лошо време!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Не ми студи, велеше, јас како што знаеш не сум зимурлив, а ти убаво завиткај се, и притисни се во внучињата, диши во нив, имаш голема уста и голема снага, огнот од телото дувај го во нив оти лошо време се погоди есента си заминува и се знае кој ќе ја замени!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- „Лошото време го прават лошите луѓе“ , велеше Лазор Ночески „и нема лошо време што е подалеку од луѓето.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Честопати мајка ти ми велеше: „Дојдоа, синко, лоши времиња”'. Значи ќе мораат и да одминат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)