лош (прид.) - дело (имн.)

Или некој ѓавол на кого му досадило да прави лоши дела.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некогаш дури и несвесно, за да прикриеме некое свое малечко лошо дело, за да скриеме што не сакаме други да знаат, да се направиме важни и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)