лош (прид.) - другар (имн.)

Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Остај се, бре чедо, од лошиот ајљазлак што си го фатил; остај се од тие лоши другари што не се домаќинска челад; тие те лажат, бре синче, да арчиш пари по пустина, та и ти да се осиромашиш после како нив!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дури ни тогаш кога јас го напаѓав. (А за моето незадоволство од однесувањето на Ѓурчин, нели, постоеја конкретни причини).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што се однесува до Ѓурчин, таа никогаш го немаше спомнато како лош другар или грд пример.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Синко бре, чедо бре, Силјане! Остај се, бре, чедо од лошио ајљазлак што си го ватил; остај се од тие лоши другари што не сет домаќинцка челад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како божем сега тој чичко видел во своите визии дека Змејко имал некој лош другар од кого му била направена таква црна магија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)