лош (прид.) - збор (имн.)

Додека лунѕам по сокаците и по плоштатките, нив ги нема, а никој кого случајно сум сретнал, не ми рекол, отворено, лош збор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но мајка ми не рече ниту еднаш ниеден лош збор за него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакав да поседам подолго, ама место не ме држи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се лутам и како од некаква далечина го гледам тато.“ На крајот баба пишува - Убаво ми е.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Клинциве летнаа како мушички. А ти ми велиш си бил водач на јуначишта.“ Тоа Џеронимо фрли лоши зборови по нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
КАТА: Така ете! Лоши зборови не! Само убави, благи: вршење, женење... За радост, за веселба, а не такви — будалаштиње!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- А денес? - Денес? Зборувај си што сакаш и никој ниту лош збор нема да ти рече, па и ниту лошо ќе те погледне. Демократија...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сите петки откако појде во училиште, ниеден лош збор не слушнавме ниту за нејзе, ниту од нејзе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За лош човек имаме многу зборови, велам, колкушто има лоши луѓе, толку и лоши зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ПАРЕ: Така, касмет, зарем за да не ни излезе некој лош збор. (Пак чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас сум остарела со стројниклак, дури, кога не ќе бендисува, ќе те испрскаат со лоши зборови така што... да не можеш да ја најдеш вратата од која си влегла за да излезеш. Блазе...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дали да го обвинам оној што ме остави на цедило после првиот лош збор што го кажав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А ако некогаш не сакајќи ќе ѝ излеташе од устата лош збор, ќе си речеше: „Господе, не слушај ме...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- мајка ѝ не можеше да најде толку лош збор, колку што сакаше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ни еден лош збор за сопругот, па ни за неговото семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се раскуќуваше додека ја лечев Од бубачки, црвја и лоши зборови Од страв детски, од лутеж, од несон Од искра на наковална, од олово Стежнато во сачмата на крвта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Мајките ни рекоа: - Деца, да не се слушне лош збор за вас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако! И, запомнете: за неа пред Зоки Поки ни еден лош збор!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сè во што беше тој упатен, почнуваше и завршуваше на она: дали некој некого случајно не го навредил; некој случајно и за него да не рекол лош збор, и кој бил поводот за да се рече тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го гледаш, само спие како рудо јагне, ни да писне ни да вресне, јагненце, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште еден лош збор ако речеш за неа, ќе те отепам на место!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас девојката не ја кудам, само реков што чув од чорбаџијата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АМПО: Ама не лути се, де, ако реков лош збор, ништо лошо не му сторив, не му ја симнав ѕвездата од чело.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Раната од секирата зарасна, ама од лошиот збор што ми го рече, не зараснува!“ рекла мечката.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)