лош (прид.) - знак (имн.)

Беше среќен поради откритието и загрижен поради насетениот чиниш лош знак по однос на неговата творечка работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми е страв од лош знак, што се вели, да не искобам нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Далеку беше од тоа настанот да го протолкува како лош знак.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Едо навистина цело време никако не и ја пушташе раката на мајка си, но во тоа Ица не виде никаков лош знак освен дека детето, природно, е возбудено поради големиот настан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но и Leonardo, во својот Трактат за сликар-ството, се изјаснува околу ова: „Кога делото е еднакво на судот, тоа е лош знак; а кога делото го надминува судот, тоа е најлошо, и тоа станува кај оние кои се восхитуваат што така добро го направиле делото; кога судот ги надминува делата, тоа е одличен знак.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој тоа би го протолкувал како лош знак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)