лош (прид.) - книга (имн.)

Можеби токму сега, од онаа страна на морето, Габриел Гарсија Маркес беснее оти пак се покапал лижејќи чоколаден сладолед или го гризе остатокот од ноктот на левиот показалец оти уводникот во Камбио воопшто не е по негов вкус, а ако ги навикнеш луѓето да читаат лоши уводници ќе ги навикнеш да читаат и лоши книги, лошотилак ќе им се пикне и во мислите што значи и во животот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Запомни, на пример, дека лош наслов може да закопа добра книга, или добар наслов може да продаде лоша книга.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствен исклучок претставуваше една лоша книга со наслов „Азбука и залутани записи“, каде најпрвин беше раскажана токму неговата приказна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)