лош (прид.) - намера (имн.)

Се разбира, ние знаеме од искуствата на сатирата, карикатурата, пародијата дека нашите пријатели луѓе лесно се сметаат себе си „подебели“ отколку што навистина се во културна и социјална смисла; но за Ботеро, не одговара ниту една од овие категории, затоа што неговиот свет потполно го игнорира злото помнење и лошата намера.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и лошите намери имаат блескаво пакување од убави зборови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Го правев тоа и со другите луѓе, но не со лоша намера, туку за да им помогнам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И колибата, особено сопчето во кое спиеше Бојан, беше непристапно за волци и за кој и да било друг стрвник, освен за човек со лоши намери, но од луѓе Бојан не се плашеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ова, за наликувањето, не го реков со лоша намера туку бидејќи ти заблазнувам“, објасни како да се каеше Огнена и со насмевка на виновност побрза да си ја прибере раката од коленото на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За момент помислив дека се обидува да ги разлабави јазлите на заедливоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа со денови мораше да му објаснува дека тоа било шега и без лоша намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој често слушаше пофални зборови за Сем Галовеј од другите сопственици на ранчови кои биле удостоени со неговите посети, но никогаш не сметаше дека ќе ѝ се укаже таа чест и на неговата скромна баронија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако на баронот еднаш или двапати му се спушти главата додека седи на неговиот резбарен стол од даб, тој не го прави тоа со некаква лоша намера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)