лош (прид.) - пат (имн.)

Пролетта 1897 година било формирано “Револуционерно братство“ со цел, како што признава самиот Иван Гарванов, “да се одбие Комитетот (Револуционерната организација, односно ЦК - б.м.) од лошиот пат и да се одбегне брзањето со револуцијата, за која ние сметаме дека е предвремена, мислејќи дека таа навистина брзо ќе избувне“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мораше да се чека, а најпосле пак се најдовме на пат, но лош пат, кој нѐ водеше до Братислава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Деконструкционистите покажуваат дека секое верување, дефиниција и цврсто стојалиште токму минуваат низ кризата од различни и арбитрарни интерпретации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но постмодернизмот, кој не значи дека секој може да оди каде сака и да прави што сака, едноставно подразбира дека не постојат сигурни и брзи начини за раздвојување на добриот од лошиот пат, добри и лоши култури итн. и ова ве враќа кон прашањето за морален избор и одговорноста - тоа ве прави одговорни а многу луѓе токму тоа не го сакаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)