лош (прид.) - ракија (имн.)

Сѐ почесто дење, кога ќе се разбудев кон пладне, Ханка ми мирисаше на лоша ракија. Попладнињата главно молчевме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Театарџиите од сите генерации зборуваат едно те исто - дека кога се на гостување, сценските вештини ги подаваат на публиката за порција бајата скара (останата од некои свадбен пир), за чашка лоша ракија, крекерче или минерална вода.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)