лут (прид.) - пиперка (имн.)

— Јаделе само лути пиперки, вели Хубер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние што имале по едно воле веќе се здружиле по двајца на запрега и веќе ги преуредиле колите ослободувајќи ги од одвишноста на сплетените ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Пепел од биволски копита помешан со шеќер и вар, струготини со катран, чад од лути пиперки...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Песната - рече мајка му - вака кажува: „Седнал Марко с мајка да вечера, солца, лебец и лути пиперки. Подмустаќ се Марко насмевнува“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога отиде да земе леб, јас ја грабнав чинијата со лутите пиперки и отидов кај другарка ми Цвета за да ја лекувам како што правеше баба ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа дојде и легна во плевната на стомакот а јас ја истурив целата чинија со лутите пиперки врз стомакот и сакав да ја тријам, но кога тие лути пиперки пробија насекаде, таа списка Потоа дојде татко ѝ.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Набројуваат луѓето запалени треви, крпи, измети, и везени лути пиперки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно некоја лута пиперка го имаше опалено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)