лут (прид.) - ракија (имн.)

Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А Никола? Тој ќе излеташе од радост и само наредуваше: - Дај ваму ока топла и лута ракија!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трпки, трпки надолу, ко да си испил лута ракија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Накачил еднаш црна Арапина, накачил горе трло Ѓурчиново: „Дајте, овчари, јагне печено, јагне печено, уште сугарче, пресна погача од невеста месена, вино црвено од три години, лута ракија - препеченица“. Овчари кротки сѐ му дадое.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)