лут (прид.) - татко (имн.)

Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку и да беше лут тато, ништо не му помогна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Чекај доња Силвија”, рече лутиот татко, „еве - се повлече - еве нека одат на пуримска забава, ама нека одат, брате, на некое друго место...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дента на Пурим, Јехуда Давидовиќ отиде во синагогата Бет Исраел во улицата „Цар Урош“ што веќе ја нема, знате сите, ја красеа лични кубиња на врвот од двете кули дезенирани со крупни риги, прости ми Боже, како на матроска маица и залепени до фасадата на храмот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)