мажествен (прид.) - родов (прид.)

Комбинацијата од женствена гламурозност и абјектност што геј-мажите ја усвојуваат преку идентификација и присвојување – со други зборови, преку дрегот или преку култот кон Џоан Крафорд – на геј-мажите им овозможува положба што инаку би им било тешко да ја заземат со сопствениот лик, барем сѐ додека опстојуваат на мажествен родов идентитет: односно, тоа е положба што истовремено е и достоинствена и деградирана, и сериозна и несериозна, и трагична и смешна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега, откако геј-мажите си ја живееја хомосексуалноста не како културна практика, туку како сексуален идентитет, ним им требаше нов родов стил; а мажествениот родов стил што го усвоија, проширувајќи си ги сексуалните можности, им овозможи да консолидираат дефиниција на геј-постоењето и урнек за геј-идентитет што се фокусира на сексот за сметка на културата – а тоа ги исклучуваше женствените идентификации што дотогаш ја твореа подлогата и дефинираа голем дел на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се тврди дека има некој нормативен мажествен родов идентитет е секогаш ризичен потег за геј-маж во општество што и натаму машката хомосексуалност редовно ја поврзува со женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму преку идентификување со женственост која е истовремено гламурозна и абјектна, геј-мажите се во состојба да го измешаат нагорно подвижниот естетски стремеж со етичкото срамнување на општествените разлики. ‌Тука женственоста, како во случајот со италијанските вдовици од Фајер Ајленд, на геј-мажите им функционира како еден вид заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)