македонски (прид.) - движење (имн.)

Втората идеја според Маерс била “примена некако ладно од Грците, кои очигледно немаат желба да се откажат од кој било дел од нивната земја во корист на македонското движење“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од тие разговори Маерс ќе заклучи дека Светозар Вукмановиќ се залагал за формирање на “Панбалканско“ партизанско движење и “независно македонско движење на отпорот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посебно ја нагласува пропагандата од “две груп на ЕЛАС“ кои ги посетувале селата за “да ја подигнат популарноста за независното македонско движење“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А каков впечаток му правеа на дипломатскиот свет новинарските уверувања на комитетот и на Бугарите за македонското движење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
23. Тоа покажа кој најмногу е заинтересиран за македонското движење затоа го пренесоа центарот негов во Македонија и направија уште еден цел ред фокуси за да се покаже оти брканицата е однатре и е самородна појава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој во Европа бил доста познат како “водач“ на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овие владини мерки им создавале големи тешкотии на луѓето на Организацијата, коишто за снабдување со оружје ја ползувале и Грција, но, поради бројната емиграција и стремежот на бугарските државни фактори македонското движење да го ползуваат за свои цели, условите од Бугарија да се добива неопходната помош биле значително поповолни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тешко може да се поверува дека атентатите навистина биле причина владите што го симпатизирале македонското движење (најверојатно се мисли на Франција, на Англија, а можеби и на Италија), да им се придружат на оние влади што барале што поскоро и што поефикасно да се задуши востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Историјата на македонското движење ни открива дека секој бугарски управник со задоволство би каснал малку македонско месо и би пивнал малку македонска крв...; дека македонското дело за нив (бугарските управници - б.м.) не е друго освен средство за владеење“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како што турската влада ги исползувала атентатите како повод за брутално пресметнување со сѐ што било побудно во редовите на нашиот народ, така и големите сили се послужиле со динамитните акции за да ја компромитираат Револуционерната организација и да го оправдаат пред својата јавност пасивното однесување кон жестокото задушување на македонското движење и востанието и наполното застанување на страната на крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа особено се однесува на Англија и на Франција, чиј став кон македонското движење во извесна мера се разликувал од чисто непријателскиот став на Германија, па и на Русија и на Австор-Унгарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој, всушност, сметал дека постапката на Татарчев и Матов во Бугарија ја компромитирала самостојноста на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Располагајќи со големи суми пари, тој го основал во странство весникот “Л’ Еффорт“, кој, уредуван од Симеон Радев, изиграл, покрај другото, голема улога во популаризирањето името на Сарафов како “водач“ на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За овој став на големите сили морале да водат сметка сите оние фактори на македонското движење на кои навистина им лежеле на срце интересите на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа официјална Грција била против било какви реформи во Македонија и наполно застанала на страната на Турција во крвавото задушување на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Претставникот, кој сега е во Женева, е образован човек, по професија адвокат, кој зборува добро англиски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, на 3 јануари 1941 година, агентите на ДХ42 го известуваат СО2 дека „Иван Михајлов, кој сега се наоѓа во Унгарија, стапи во контакт со мене, со сугестија дека тој ќе одреди неофицијален претставник во Лондон за да ја известува Британската влада за македонското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)