македонски (прид.) - земја (имн.)

Една фотографија ќе задржам за мене за да ме потсетува таа прекрасна жена на миговите што ги поминав тука, а кога ќе се вратам во Детроит, фотографијата ќе ја врамам во позлатена рамка за да ме потсетува на тој ангел од македонската земја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Тој ја сакаше слободата на македонското население, а не на македонската земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)