македонски (прид.) - криза (имн.)

Меѓутоа, партиско-државните интереси и ставот кон македонската криза што произлегувла од тие интереси не им дозволувале да гледаат поинаку на Солунските атентати, освен како на анархистичка акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Германската влада атентатите ги сметала за опасна ескалација на македонската криза и ги прогласила за дело на Бугарија, го зела во заштита султанот, тврдејќи дека февруарските реформи, коишто според замислата на владите на големите сили требале да ја поправат положбата на христијанското население и да го неутрализират револуционерното движење, не можеле да се реализираат не по вина на Високата Порта туку по вина на Бугарија и индиректно на сама Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така било формулирано гледиштето на германската дипломатија кон македонската криза по Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)