македонски (прид.) - парола (имн.)

На 24 март 1941 година "Вашингтон пост" ја пренел информацијата за започнатите демонстрации во Македонија, каде што, како што се истакнало, "неколку илјади Јужни Срби и Македонци демонстрирале во Скопје, пеејќи македонски револуционерни песни и извикувајќи српски и македонски пароли".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)