македонски (прид.) - партизан (имн.)

Концентрацијата на својата активност на тесно регионално подрачје била една од причините бугарската војска релативно брзо да ги открива активностите на македонските партизани од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Така, со провалите извршени во Свети Врач, Горна Џумаја и Разлог, во рацете на полицијата паднале и членови на Окружниот комитет на БРП за делот на Македонија под Бугарија (Гроздан Николов, Владо Чимев, Станке Димитров и др.) кои со судска одлука во 1942 беа обесени во Горна Џумаја денешен Благоевград.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По воспоставувањето на радиоврската со Каиро започнале да пристигнуваат и првите летови со помош за македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
262 Во однос на ова шефот на британската воена мисија Bethesda на 7 октомври ќе го извести Force 399 дека неговата порака испратена до Германците била само со цел да се иницираат преговорите меѓу Германците и македонските партизани кои според него не биле “прифатливи за Германците без британска интервенција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
106 По пристигнувањето на Кајмакчалан единицата на ЕЛАС која ја придружувала британската воена мисија Perseverance воспоставиле контакт со македонските партизани кои подолго време ја очекувале мисијата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според добиените одговори можел да заклучи дека според партизаните “не би требало да има проблеми бидејќи границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот. `Слободното гласање` би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Токму во деновите кога на територијата на Македонија се одвивала германско-балистичката офанзива на 20 октомври 1943 во Пиерија (Грција) била спуштена мисијата Persecerance, при мисијата Lapworth, со цел да продолжи кон север во придружба на грчките партизани и да воспостави контакт со македонските партизани на територија на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Моралот на македонските партизани бил многу висок, а хуморот беспрекорен.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Македонските партизани во ова време имаат висок морал и за прв пат навистина имаа офанзивен дух“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според нив, истакнал капетанот Мекдоналд “’слободното гласање’ би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани“.356 Според неговите опсервации “ист е и случајот и со Албанија“ и дека “трите партизански движења...албанското, грчкото и македонското, навистина имаат многу јаки заеднички врски, не покажуваат страв или сомневање едно од друго и активно и спремно соработуваат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За време на престојот во делот на Македонија под Грција македонските партизани приредувале концерти во селата на делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Веднаш ни се потребни четиристотини пушки, двеста стенови, сто бренови“.192 Во овој период Мекдоналд е упорен во настојувањето да се добие полска болница и да се испрати доктор за македонските партизани: “итно повторувам, итно е потребен доктор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
До нив допреле и информациите дека одредени партизани од единиците на ЕЛАС сакале да ги напуштат нивните единици и да им се придружат на македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Заробените непријателски војници нагласувале дека кај Германците постоела голема подготвеност да им се предадат на сојузниците, но се плашеле да им се предадат на македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Лично според она што го пишува неговите симпатии биле на страна на македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Задачата на Ламби му била олеснета поради информацијата дека на 15 октомври 1943 година во Црвена Вода пристигнала првата група од шест авиони кои донеле воена и друга помош за македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Последната мисија требало, преку територијата на Македонија во придружба на македонските партизани, да замине за Бугарија каде требало да се поврзе со бугарското движење на отпорот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Интересна е неговата забелешка за неактивноста на грчките партизани кон што македонските партизани покажувале “одвратност“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За време на престојот на Првата македонско-косовска бригада Светозар Вукмановиќ-Темпо го информирал капетанот Еванс дека во “неколку грчки македонски села, групи млади...барале од него да им се придружат на независните македонски партизани“. 344
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во меѓувреме бил воспоставен контакт со македонските партизани кои пристигнале во Бахово.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој ќе истакне дека “врските меѓу политичките и воените лидери беа блиски“ и дека македонските партизани не можат да се помират со неактивноста на грчките андарти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се осврнува и на односот на македонскиот народ од делот на Македонија под Грција кој ги хранел македонските партизани преку целата зима и се грижел за ранетите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе нагласи дека некои од македонските партизани носат на своите капи букви СНОФ наместо буквите ЕЛАС.326 Исто така на 14 март 1944 Едмондс ќе ја извести централата на СОЕ во Каиро дека “Гоце Делчев повторувам Гоце Делчев се смета за херој меѓу југословенските Македонци и многу од нив носат мали фотографии на нивните гради.“ 327
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но пред Маерс да успее да го направи тоа, апаратот бил купен од страна на ЕЛАС на црниот пазар.84 Овој контакт сигурно дека допринел Еди Маерс да го извести својот штаб во Каиро за македонските партизани и нивната борба и да влијае во испраќањето на мисија во ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Исто така, свое место на страниците на печатот нашла и информацијата која се однесува на борбите за Дебар од крајот на октомври до 3 ноември, кога бил одбиен нападот на балистите и Германците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа кај нив предизвикало и друга дилема, произлезена од стравот дали македонските партизани ќе "постават барања во однос на делови на територијата на Грција, Бугарија и Албанија од пред 1941 година, за нивна независна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговото внимание посебно го привлекло осврнувањето на Темпо на "македонското прашање".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На страниците на печатот се нашле информации за ослободувањето на Дебар на 9 септевмри 1943 од страна на македонските партизани во содејство со албанските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во натамошниот текст на извештајот тој посебно се осврнува и на говорот на Светозар Вукмановиќ-Темпо, кој бил, според него, "делегат на македонските партизани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквата анализа барала и поголема претпазливот во однос на одговорот којшто требало да се испрати од страна на Британците до АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)