македонски (прид.) - студент (имн.)

На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
МАНАПО имал обележје на народен фронт и бил во непосредна врска со македонското комунистичко движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1940 година ја извршил партиската задача пренесување на куфер полн со примероци на Бели мугри од Белград во Скопје и така го запознава Кочо Рацин. Во мај 1941 година оди во Софија со група македонски студенти со цел да се запише на тамошниот универзитет.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во 1936 лево ориентираните македонски студенти од Загреб, Белград и Скопје истакнале своја политичка декларација како програмски документ потпишан од 200 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нејзини нај истакнат активисти биле Димитрија Чуповски, Крсте Мисирков, Наце Димов и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во зимата 1902 македонските студенти од Санкт Петерсбург, во Русија го формирале Македонското научно-литературно другарство кое се застапувало за целосна посебност и ослободување на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)