македонски (прид.) - територија (имн.)

54. Додека во овој прилог, пишуван пред донесувањето на Мурцштегската програма за реформи во Македонија, Мисирков условно и привремено дури и ја допушта дејноста на постојните црковни организации, во другите прилози во книгата тој е веќе против каква и да е туѓа ” црковно-училишна организација или институција на пропагандите на македонската територија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повикувајќи се на тајниот договор со Србија, Бугарија ја барала цела Македонија, Србија укажувала на настанатите промени со формирањето на албанската држава и на неисполнувањето на договореното со тајниот договор меѓу Србија и Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поделбата на „ослободената“ македонска територија ја предизвикало меѓусојузничката војна.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Политиката на асимилација и ширење на т.н. „национална грчка свест“ Грција од самиот старт по независноста, па со добивањето на половина македонска територија по балканските војни, беше и сѐ уште е многу агресивна, а начините на спроведување на истата – безмилосни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Меѓутоа, и покрај таквите изјави, се вели во информацијата, "Југославија истакнува дека има 100.000 македонски Словени јужно од границата, …и дека многу Југословенски Македонци имаат желба да направат нешто во оваа ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во врска со прашањето за обединувањето на Македонија, одговорот на САД бил дека за нив "предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција во однос на македонската територија мора да се сметаат како правни граници", а тие би можеле да се променат единствено со согласност на заинтересираните страни и со слободно изразената волја на народите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Она што особено го потенцирал од излагањето на Темпо е дека тој истакнал дека "желба на цела Македонија е да се обедини во една федерална држава во рамките на федеративна Југославија", поткрепувајќи го тоа и со искажувањето дека самиот лично поминал: "низ македонската територија, која се наоѓа во рамките на грчката држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа, на 11 април 1945 година, "Њујорк тајмс" ја пренесува дадената изјава на Југословенската влада, дека таа нема да го покренува прашањето "за инкорпорирање на целата македонска територија, во близина на Југославија, со главен град во Скопје", бидејќи "управната власт на постојната територија е од примарна важност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас лично поминав низ македонската територија која се наоѓа во рамките на бугарската држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Стејт департментот зазел став дека Македонија ќе може да има автономен статус во рамките на Југославија, но ѝ го оспорува правото на легитимитет на Македонија на секоја територија што е во границите на Грција, т.е. да се смета за територија што ѝ припаѓа на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас ја изразувам желбата на македонскиот народ од овие држави дека тие сакаат да ѝ се приклучат на својата татковина".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)