македонски (прид.) - воен (прид.)

Од октомври 1915 до есента на 1918 делот од Македонија, кој бил земен од Србија, Бугарија го прогласила за единствена воено административно управна област т. н. „Македонска воено инспекциска област“.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
81 Се однесува на присуството на Едвард Кардељ на Второто заседание на АСНОМ, кое се одржало од 28-30 декември во Скопје и на кое биле осудени сепаратистичките тенденции на македонското воено и политичко раководство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во радиограмата од 3 септември од британската заднинска воена мисија Балкански воздушни сили на Фицрој Маклин до мисијата Burlesque се истакнува: „Македонските воени единици продолжуваат со успесите.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Покрај војните што ги водел со соседите од север, запад и исток, владеењето на Антигон II Гонат, кое траело се до 239 г.пне., се карактеризирало со стабилно владеење над елинските градови-држави во кои биле стационирани македонски воени гарнизони.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
82 Со цел да ја насочи политиката на македонскиот политички врв во саканиот правец, како не би имал ниту внатрешни ниту надворешни проблеми, претседателот на НКОЈ, како свој претставник на Второто заседание на АСНОМ, го испратил Едвард Кардељ, потпретседател на НКОЈ и член на ВШ на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бугарите вршеле реквизиција на стока, храна, изнесувале материјални и културни богатства, населението го испраќале на принудна работа, вршеле мобилизација и сл.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)