македонски (прид.) - партизански (прид.)

И кога се појави првиот костурски партизански батаљон “Лазо Трповски” во кој и борците и јазикот и командите беа македонски, тој го напушти ЕЛАС и му се придружи на македонскиот партизански одред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се избегнало именувањето на вистинските носители на оружените акции, а тоа биле македонските партизански одреди.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како резултат на тоа Македонците можеле да формираат посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации во Воденско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонските партизански единици под Тито имаат македонски офицери.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, овие информации кај американскиот политички естаблишмент не предизвикале некое поголемо возбудување бидејќи Балканот, а со тоа и Македонија, биле во сферата на британскиот интерес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа им било дадено правото на Македонците да создаваат и посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)