македонски (прид.) - федерален (прид.)

Но, како што заклучува Г.Пирински, „прокламирањето на слободна Македонија... не го реши комплетно македонскиот проблем“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
БРИТАНСКАТА БЕСКОМПРОМИСНОСТ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА Конституирањето на македонската федерална држава и сè почестото истакнување на плановите за нејзиното обединување или федерирање со другите балкански држави било нешто што не влегувало во британските повоени планови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини Форин офис побарал од Министерството за надворешни работи да изготви документ за Македонија во кој би биле набележани сите можни идни потези на југословенското и македонското раководство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Новонастанатата состојба со формирањето на македонската федерална држава во рамките на југословенската федерација, пред британската дипломатија отворила едно многу сериозно прашање на кое требало што побрзо да се најде одговор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А тоа прашање било: кои би биле следните чекори што би ги презел АСНОМ во врска со иднината на Македонија?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Девет месеци подоцна, тој пишува: "125 делегати на Антифашистичкиот совет на националното ослободување на Македонија се собраа во Битолскиот манастир на 41-вата прослава од историското Илинденско востание и се конституираа себеси во врховно законодавно и извршно тело на македонската федерална држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)