мал (прид.) - детенце (имн.)

Моето богатство било тука, веднаш до мене, било доволно само да го допрам, прегрнам, како мало детенце кое стои осамено, со искрена насмевка и весел поглед чека погалување по косата.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И така, до крајот на одморот кога овие што те зеле со себе, како за ГРЕВЧЕ се грижат и за тебе, а богами и за твоето мало детенце, па твојата пријателка-баба му раскажува приказни пред спиење за ти да можеш да си ја смириш мигрената, и заспива заедно со твоето и нејзиното.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така, јас како мало детенце, си мечтаам дека во дванаесет часот на полноќ, Дедо Мраз ќе ми ја исполни желбата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)