мал (прид.) - добрина (имн.)

„Секој човек по нешто се памети, по некоја мала добрина или по некој уште помал грев.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На оваа мисла, се надоврзуваше и онаа според која подобро е да се чинат катаден мали добрини отколку да се чини по некоја голема добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)