мал (прид.) - облак (имн.)

Сонцето е во тој момент прикриено зад едно мало облаче, тиха сенка го милува дворот, претчувство на онаа сенка што ќе ја шири крушата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Утринската запурнина насобрана во мали облачиња, навлегува во траповите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само на западната страна од небото пловеа две-три мали облачиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но веднаш ми се чини неумесна дури и смешна оваа помисла!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога мислам на тоа утро, ми се чини дека во црнкиве мои сѐ уште нечујно се движи намален коњ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби по линијата на ридот мина мал облак или кадра на зимска магла што до овој ден се притајувала во некоја камена пукнатина колку за да се прости само од некој свој заложник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш пошол и поголемкиот, сам, како некое мало облаче се веел по патот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Споредени со бескрајните неба на Северна Америка, со нивните роеви облаци, нашите мали неба од облачиња, нашите мали облачиња се како отсјај на нашите мисли облачиња, мисли кои никогаш не се космички...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас сум како мало облаче помеѓу два големи облака, кое не може да се реши со кого да се соедини, каде да припадне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се чувствувало силно, се додека не дувнал ветрот, толку силно што го раситнил на мали облачиња.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако останеш неопределен како мал облак, ветрот бргу ќе те разнесе- рече старецот, гледајќи горе, кон небото и покажувајќи со раката. – Еве, ова мало облаче се наоѓа насредина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За среќа го оставив да мирува во мислите и она мало облаче што како снежно венче постојано го гледам околу главите на луѓето што се занесувааат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)