мал (прид.) - отвор (имн.)

Тој се загледа во малиот отвор од кој избиваше црвен пламен, како од челуста на голема, разгневена ала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму се славеше здравјето, тука смртта, но и во обете слики, светлината што се разлеваше низ фигурите и целиот предел (слична на онаа што пробивајќи се низ малите отвори на распнатите метални мрежи против инсектите, ја исполнува утробата на собата) беше како од милост небесна која го менува средениот однос што долу навидум владее меѓу ликот и гласот, меѓу предметот и движењето – блажена милувка на етеричниот Отец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вечерта двете момчиња се спуштија до стубелот и го покрија со штици. Убаво ги заковаа. Оставија само мал отвор, колку да може со чанче да се црпе вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќумбенцата кај Петра и кај Роса забуботија гласно, а потоа , низ малите отворчиња за воздух пуштаа толку виделинка колку да можат да си ги најдат леглата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Лилица го вјаваше столот (исто како што седнуваше над Андон) широко расчекорена и напупена наназад, триејќи се од широката површина со особен такт, внимателно алкајќи ја тврдоста на федерот распоредена по средината во спирални ребра, спуштајќи ја главата повремено на полицата, пред малиот отвор на шалтерот, воздивнувајќи длабоко и долго.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)