мал (прид.) - плоштад (имн.)

Маглата нѐ обвиткуваше со долги лилави конци додека стоевме на малиот плоштад пред гимназијата. потоа се влечевме покрај влажните и трошни ѕидови, губејќи го и одново наоѓајќи го патот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Земи ја, на пример, водата (се врти кон фонтаната на среде малиот плоштад).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Последната претстава ќе се одигра таму, на малиот плоштад, врамен меѓу тврдината, пристаништето и зградата на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Монмартр“ има своја историја. Овде е сѐ конзервирано, онака како што било пред десетици и десетици години, па и со векови, тука се тесните улици и сокаци, лампионите, малите плоштади.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)