мал (прид.) - тавче (имн.)

Како сакате наречете го тоа. Немоќ. Снаоѓање. Барање решение и таму каде што секоја надеж е загубена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Морав да го одврзувам скутникот, да навлечам место налами влечки на нозете, а потоа, во еден долг разговор со Парнаџиев, да го потрошам сето свое умеење за да добијам мало тавче ѓувеч место моето исчезнато тавче ориз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ама најубавото ми е, - Дора погледна накај другите чиничиња наредени врз тревата, мислејќи дали би ѝ дала некое мало тавче, некое лажиче, како што претходно ѝ имаше дадено на Ане една кукла и еден комплет од моливи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)