мал (прид.) - тело (имн.)

Над класјето успано летна уплашена птица и малото тело се гушна во нивниот спокоен дах...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
До топло мало тело,се стискам и се молам, да помогне светот, да помогне природата, еволуцијата и старата куртизана Европа, да нема веќе мака и тага за овој народ кој приказни слуша.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Тие беа толку мали што беше вистинско чудо од каде им доаѓаше топлината за да си ги заштитат малите тела од смрзнување кога температурата беше под нулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сето тоа клопче од мали тела е толку раздвижено и шарено и толку весело осветлено од утринското сонце!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прогледај! Пренеси го своето мало тело преку мракот, со силата на духот, кој не го гледаш!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)