мал (прид.) - чедо (имн.)

- Има мајка и големи и мали чеда - раскажуваше жената.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Фимка има големи и мали чеда тука во планините и таму по државите, во туѓите земји...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе го слушнат ли големите и малите чеда на мајка? Ќе го слушнат ли? Лелеее!!! Оф...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И од кога ми ги зедоа и големите и малите чеда, јас сал се молам, Господ и Богородица ги молам, да ги чуваат и што побрзо живи и здрави на порта да ми тропнат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)