мал (прид.) - ѕвезда (имн.)

Малите ѕвезди одвај трепкаа со својата бледа светлина, како да ќе угаснат секој час.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вистина беше дека, при читањето, Татко редеше нови пластови знаење во својата душа, а Мајка беше пови­кана да ги проверува овие вистини во животот, како све­тли­­на на нејзиното семејство кое стануваше мала ѕвезда во балканските темнини... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, самиот се увери, зар не е чудесно и неверојатно созананието дека ти си една мала ѕвезда во севкупниот космос? – му возврати старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ЕЛЕНА се вика таа мала ѕвезда, што молскоти и во мракот како златна лира...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)