мал (прид.) - тесен (прид.)

Тие го минаа центарот на градот и, по една мала тесна уличка, се упатија кон крајот на градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Камилски како значајни ги избра и заемките: мушабак, вид дрвена решетка што се ставала од надворешната страна на прозорците во муслиманските куќи (од арапски muabak); ќепенок, дрвен капак со кој се затворале дуќаните, а дење служел како тезга или излог (од турски kepenk); мазгал, мал тесен отвор на тврдина, а подоцна и прозорче по апсаните и магазите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога пристапија до портата, граѓанинот цврсто ја тргна железната алка од портата и со растојание чукна на портата трипати по три.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Постојано го проветруваше малиот тесен стан и често шеташе во природа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа Камилски се одреди и за терминологијата и на следните зборови: темел, основата на една градба (од турски temel), кој се јавува мошне рано и во писмените текстови и не е исклучено да преминал и директно од грчкиот; кат, спрат (од турски kat); таван, плафон, поткровен простор (од турски tavan).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)