мамутски (прид.) - статуа (имн.)

Историјата не доцнеше многу. Тоа се случи по падот на сталинскиот комунизам во Албанија кога мамутските статуи на Сталин и Енвер Хоџа беа соборени во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не покажав голем интерес да учествувам во телевизиската емисија на Алтин Раџими, макар што бев пријатно изненаден и охрабрен од неговото мислење за книгата Атеистички музеј, како припадник на младата генерација, кому како да му тежеше на ист начин блиското минато, кое не можеше да се ослободи само со соборувањето на големите, мамутски статуи на Сталин и Енвер Хоџа во Тирана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)