матен (прид.) - поглед (имн.)

- Ох, мајко де... - пак воздивна Аргир и го впи својот изморен, матен поглед во широкиот прашлив, пат, што водеше кон градот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Воздивна горко, рапаво. Матниот поглед се сврте од внатрешниот живот и заплива по проѕирната темнина на собата за да го види сето она што го гледал пред тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Змејко сега само ја гледаше таа парталава прилика, таа кобна сенка на сѐ што е измачено, и нејзината изострена, прегладнета и премалена од тоа муцка, што просто болеше со тоа колку беше бессилна, додека лудечки матниот поглед од неговите чиниш празни, чиниш истечени и без никаков одблесок очи, бликаше со една тапа стрвност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Риса и Тронда кога ќе се напикат во тој матен поглед ќе биде полесно, тие ќе му ги откачат овие два товара.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Матниот поглед во нејзините очи прв го забележа Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како пијан човек, со матен поглед, со слаби нозе, со тресливи раце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)