машки (прид.) - глава (имн.)

Куќа без машка глава е дрво без корен, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Особено една наизглед мала поединост ме вознемируваше, а тоа беше дека наводно, синот на правнукот на Нико Кочов, Петруш Кочов, во некаква нејасна околност, веројатно по некоја расправија (зашто нетрпението меѓу двете семејства траело до триесеттите години на дваесеттиот век, кога машките глави од семејството Кочови заминале за Америка), ја удрил жена му на мојот прадедо Славејко Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Претставуваше машка глава на исто толку широк врат, со капа меѓу офицерска и милициска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што сон го мамеше, што вода плискаше во неговата цврсто зделкана машка глава?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)