машки (прид.) - муабет (имн.)

- Не се мешај во машките муабети! - ѝ подвикна дедо на баба, а таа поцврсто ја фати фурката и, вртејќи го вретеното налутено, излезе од одајата без збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И не јас, туку баба ти ми рече да прозборам еден машки муабет со тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во тој момент, од ходникот допре гласот на мајката, која, како суфлер, но повеќе како контролор го следи муабетот, но не сака да учествува во него зашто тоа се машки муабети: „И не само таа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)