машки (прид.) - публика (имн.)

Но, тука не се работи за бината, а и таа не ја претставува мајката како лик што му овозможува на своето дете скапоцено место за влегување во изведбата на општествено валоризиран идентитет. (Напротив: Милдред се венчава со Монте за да ѝ даде на Веда шанса да избега од унижителната нужност да исполнува нумери од мјузикли на некоја кабаретска сцена пред машка публика.) Несомнено е дека сцената со насилниот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс му нуди на геј-гледачот кампска пригода да броди низ трауматичната возможност да се доживее отрфлање од мајката и, со тоа, општествена обездозволеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На овој крстопат во развојот на анализата на квир-културата, секое средство на машка геј-идентификација – секоја реплика, секоја сцена, секој филм и мјузикл, секоја дива – треба да се изучува со сета негова особеност, за да може да се разоткрие значењето на единствената формална структура што го сочинува. ‌Во тукашниов случај, доволно е да се забележи дека во Милдред Пирс навистина се работи за изведба, конкретно за изведба на мајчина згрозеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои женски ликови кои се икони за геј-мажите им се мошне одбивни на стрејт-жените (почнувајќи од Џоан Крафорд и Бети Дејвис во филмот на Роберт Алдрич од 1962 година Што се случи со Бејби Џејн?).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милер не артикулира некоја општа вистина: тој го опишува конкретното значење на еден конкретен општествен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако бродвејскиот мјузикл може да им биде близок на стрејт-жените на начини на кои не им е близок на стрејт-мажите, иако може да ѝ создава помалку родови неволји на својата хетеросексуална женска публика отколку на хетеросексуалната машка публика353, изгледа дека нема стрејт-женски соодветник на силно самотното, бурно екстатичното, претерано сентиментално детско искуство на мјузиклот што го опишува Д. А. Милер.354 Италијанските вдовици од Фајер Ајленд носат дрег, но не личат на жени, ниту пак имаат таква намера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Запрашан како реагирале мештанките кога ќе ја виделе Честити (женското алтерего на Чез) в црква или во трговскиот центар или кај лекар, Чез рекол дека знаеле дека не е баш она што изгледало дека е: „Ниедна природна жена... не обрнува толкаво внимание на детали“.352 Истата логика важи за некои од другите тука споменати машки геј-културни практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Патрик Џонсон за една книга за геј-мажите Црнци од амерканскиот Југ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)