машки (прид.) - генерација (прид.)

Во Хомеровата Илијада, на пример, кога Агамемнон го навредува Ахила лишувајќи го од воената пленица, токму Ахиловото одрекување на секаква возможност да го преведе сопственото чувство на лична болка и јавна повреда во соодветен општествен израз го наведува на трагичната одлука подоцна да ја одбие Агамемноновата понуда за надомест – и, заедно со неа, валидноста на сите симболични општествени форми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој таков расчекор помеѓу чувството и неговиот израз, ако не се препознае иронично, создава трагична возвишеност што се лепи за главните наративи за машкиот генерациски судир во европската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би се рекло дури и дека она што ја прави страста велика, она што ги преувеличува емоциите од кои се состои, е токму свеста дека е невозможно тие да се искажат транспарентно – и следователната потреба да се најде начин да им се даде лик што ќе ги задоволи критериумите за претставување што ги налага нивната великост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можете ли да се сетите на пример во западната книжевност за генерациски судир меѓу жени што може да го претполага истото трагично величие како машките генерациски борби од Илијадата и од Цар Едип?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културен факт е дека во западното општество еден генерациски судир меѓу жени не може да не изгледа, барем во очите на општествено овластениот (односно машкиот) гледач, некако неодредено неугледно – подложен на претераност, хистеричност и гротескност – и, секако, не сосема сериозен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не го поддржувам тој културен став ниту општественото значење на родот кое тој го искажува; само известувам за него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)