машки (прид.) - сексуален (прид.)

Таа глетка на сушта емоција, на дотечена, непопречена страст која најпосле ја урива пристојноста на општественото живеење, е глетка што долго се поврзувала со женскиот субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, сега е време барем да забележиме дека постои и другата страна на таа поларност и да кажеме нешто за геј-мажественоста, барем колку за да објасниме зошто досега, нужно, ја запоставувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем до времето на Русо и на Гете, кога мажите почнале да им ја преземаат на жените работата со еротскиот субјективитет и кога почнале да пишуваат за машките сексуални сензибилитети кај себе или кај машките ликови, жените биле претпочитаниот медиум за претставување на страсна емоција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од Преобразбите на Овидиј до Мадам Бовари, жените во европската култура се традиционалното средство за искажување на еротски субјективитет и на емоционална претераност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Традиционалната поделба помеѓу кампот и убавецот или помеѓу хуморот и гламурот, се совпаѓа, конкретно, со старата сексуална поделба на кралици и трејдови: односно, на женствени и мажествени стилови на изведување на машките сексуални и родови улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)