мајкин (прид.) - срце (имн.)

Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- О, мило мое, о, мајкино срце! - го слушате нејзиниот глас. Сѐ беше во Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мајкиното срце почна да се стега од страв - нешто лошо да не ѝ се случило на нејзината мала ќеркичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)