мек (прид.) - бел (прид.)

Но, прелевањето на водата и нејзиното впивање во мекиот бел теписон се чинеше како да нема крај.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Молчаливо чекореа. Таа имаше на себе скапоцено крзно, преку главата и околу вратот широк и мек бел шал.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни крив ни должен, Ѓорѓија му свика околу проблемот на решавањето на една задача.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)